На Олд Трафорд врие од глувци, фан на Сандерленд се пофали дека - фатил еден! (ФОТО)

Веќе подолго време стадионот на Манчестер Јунајтед е мета на глувци, клубот не знае како да го реши проблемот.

Олд Трафорд е полн со глувци и клубот уште не нашол решение како да се справи со проблемот кој е присутен речиси една година.

Подолго време во Англија се пишува за глувците на Олд Трафорд, а на викенд мечот против Сандерленд една гостинска навивачка на социјалните мрежи се пофали дека уловила еден глушец.

Постот стана вирален на социјалните мрежи и предизвика многу реакции.