Ѓоковиќ изгуби сет, па „додаде гас“ за осминафинале во Шангај (ВИДЕО)

Германецот Ханфман кој е 150. тенисер на АТП листата му направи проблеми на Ѓоковиќ во денешниот меч на турниот на Шангај, но сепак Новак со 2-1 во сетови обезбеди место во осминафиналето.

Не тргна мечот добро за Новак кој во третиот гем го загуби својот сервис и Ханфман поведе со 2-1. Тој брејк за Германецот се покажа и како доволен за да го освои сетот со 6-4.

Вториот сет донесе голема борба и до 12-тиот гем двајцата тенисери го чуваа својот сервис, тогаш Ѓоковиќ го направи првиот брејк на мечот и со 5-7 го освои сетот за израмнување.

Во одлучувачкиот трет сет Ѓоковиќ не дозволи никакво изненадување и прво го одзема сервисот на германскиот тенисер во четвртиот гем за 1-3, а потоа и во деветтиот за 3-6.

Противник на Ѓоковиќ во осминафиналето ќе биде Шпанецот, Жуме Мунар кој се наоѓаа на 41. место на АТП листата.

Фото: EPA