
„Милан од времето на Пирло немал фудбалер како Модриќ, може да игра до 70 години“
Во својата изјава, Неста истакна дека тоа што го игра денес Модриќ го потсетува на Андреа Пирло, а призна и дека не очекувал од хрватскиот ветеран толку многу да трча.
„Да се гледа на теренот е уживање, ме воодушеви. Уште од времето на Пирло, Милан немал таков фудбалер во средината. Со него сигурно се посилни. Екипата го изгуби Тео, но на другите позиции е конкурентна, а со уште две-три засилувања ќе биде навистина интересно да се гледаат.
„За Лука морам да додадам и дека не мислев дека толку многу трча. Против Наполи цело време излегуваше и се враќаше, ги затвораше линиите на додавањата и повторно се враќаше во позиција. Има интелигенција која е реткост, него фудбалот му е во главата, тоа е она што го разликува. Додека ја држи топката може да биде теренот, може да игра до 70години“, порача Неста.
Фото: AC Milan