
Дарио Ивановски со сензационална трка победи на Скопскиот маратон!
Со извонреден финиш, Ивановски го престигна долго време водечкиот Џулијан Кипкоеч и по 2021 година повторно победи на најмасовниот атлетски настан во земјава. Кениецот заврши втор, заостанувајќи околу половина минута зад македонскиот шампион, додека третото место му припадна на грузискиот атлетичар Давити Каразишвили. Втор најдобар, пак, Македонец беше Жан Тошев со 16 минути полошо време од победникот. Кај дамите победи Ирене Џеруто (Кенија) со време од 2:38:21 часа.
Оваа година, Скопскиот маратон го прослави своето 21-во издание со рекорден број учесници – повеќе од 14.000 тркачи од 58 земји ја исполнија трасата низ главниот град. Во полумаратонската трка најбрз беше Албион Имери од Албанија, пред Македонците Иван Пешовски и Александар Арсов. Кај дамите, победничка е Греша Бакрачи од Косово, а пиедесталот го комплетираа Теа Божиновска и Милјана Ристиќ Стојчевска.