
Жесток дуел меѓу Јокиќ и Гобер – Србинот смирено спречи голем инцидент (ВИДЕО)
По само три минути од натпреварот, српскиот центар ја доби топката со грб свртен кон Руди Гобер. Во обид да се избори за позиција, тој со подигната рака случајно го закачи Французинот по лицето, но судиите не реагираа. Гобер потоа силно го турна во момент на продор, што можеше да предизвика повреда, а со тоа и инцидент на паркетот.
Сепак, наместо конфликт, следеше спортски чин — Јокиќ му подаде рака на Гобер, а двајцата потоа се прегрнаа, што ја смири тензијата меѓу играчите на двата тима.
ФОТО: X / @basketusa