Кејн добил понуда од соништата, ќе заработи 300 милиони евра за три години!

Англискиот голгетер Хари Кејн игра извонредно оваа сезона и покажа дека е еден од најдобрите напаѓачи во светот во моментов, а тоа повторно привлече внимание од Саудиска Арабија.

Кејн има договор со Баерн до 2027 година, но „Билд“ пишува дека Ал Хилал подготвувал богата понуда за потписот на англискиот напаѓач.

Ал Хилал наводно е подготвен да му исплати 300 милиони евра за тригодишен договор на Кејн, плус бонуси за голови.

Ова не е првпат Ал Хилал да покажува интерес за Кејн, откако претходно во 2023 година се обиде да го купи, но остана со празни раце.

Фото: Bayern Munich