
Башкими гостува кај незгодата Брера, „дерби на дното“ меѓу Работнички и Шкупи
Струмичани запишаа две победи по ред, па се надеваат дека денеска ќе успеат да го надиграат Башкими за нов триумф во Првата лига, меѓутоа тимот од Куманово има многу добар почеток на сезоната и нема лесно да се предаде.
„Се работи за сериозна екипа со млади играчи. Секој натпревар е тежок, но во Прва Лига нема лесен натпревар. Не го потценувам противникот, но Башкими кај и да гостува, ние одиме на трите бода, така и ќе биде и сега. Максимално сме подготвени за овој натпревар и сакаме да се вратиме од Струмица со три бода во Куманово“, кажа голманот на Башкими, Лука Стојковски.
„Дербито на дното“ денеска се игра меѓу Работнички и Шкупи кои имаат ужасен старт на сезоната, па бараат излез од кризата.
„Нè следеше лоша среќа во неколку натпревари, но веруваме дека овој пат ќе ја прекинеме таа серија и ќе стигнеме до позитивен резултат. Иако сè уште немаме забележано победа, како млад тим се подобруваме од натпревар до натпревар. Работнички во моментов е во резултатска криза и се надеваме дека ќе го искористиме овој момент за да ги освоиме трите бода и да се вратиме со победа“, кажа Марио Ричков од Шкупи.
Работнички ќе се обиде да ја прекине лошата серија, а искусниот дефанзивец Јасмин мециновиќ најави дека ќе одат на трите бодови.
„Во изминатите осум кола освоивме премалку бодови. На одредени мечеви можеби и играта беше подобра од крајниот ефект. Затоа, нашата цел е да ги освоиме трите бода од денешниот меч. Го респектираме Шкупи, знаеме дека и тие се во незавидна позиција на табелата, но ние сме мотивирани да тргнеме офанзивно и да оствариме триумф“, вели Мециновиќ.