
ПСЖ сака да украде голем талент на Барселона и тоа – бесплатно!
Според пишувањето на шпанскиот „СПОРТ“, францускиот шампион е подготвен да реагира доколку дефанзивецот не потпише нов договор со каталонскиот клуб во наредните два месеци. Гарсија има договор со важност до 30 јуни следната година, а засега не се одржани никакви конкретни средби околу негово продолжување. Ако статусот не се промени, ПСЖ ќе се обиде да го доведе како слободен играч по завршување на сезоната.
Шпанец, кој е член на Барселона од 2021 година, би можел да биде следното засилување на тимот на Луис Енрике – тренерот што токму во средата славеше над својот поранешен клуб во Лигата на шампионите. Извори блиски до фудбалерот наведуваат дека Гарсија би сакал да остане во Барселона, но не ја исклучува можноста да ја прифати понудата од Париз.
Поранешниот играч на Манчестер Сити и Џирона има 19 настапи за шпанската репрезентација и се смета за еден од потенцијално најатрактивните слободни агенти на пазарот наредното лето.
ФОТО: EPA PHOTO