Канаваро има понуда за нова работа - на местото на Катанец

Италијанскиот стручњак Фабио Канаваро има понуда за нов ангажман и тоа на интересна дестинација.

Според Фабрицио Романо, поранешниот тренер на Динамо би можел да ја преземе репрезентацијата на Узбекистан. Фудбалската асоцијација на оваа земја го контактирала Италијанецот, а преговорите се во тек, додава Романо. Последната работа на Канаваро беше во Динамо Загреб, кој го презеде за време на зимската пауза од минатата сезона , а беше отпуштен во април, по 14 натпревари на кои оствари ефект од седум победи, пет порази и два нерешени резултати. Во времето кога италијанскиот стратег беше отпуштен, Динамо заостанувал осум бода зад тогаш водечкиот Хајдук.

Узбекистан веќе обезбеди место на Светското првенство во 2026 година, што ќе биде негово деби на Светското првенство. Асоцијацијата бара нов селектор откако Среќко Катанец се повлече од својата позиција во јануари поради влошена здравствена состојба.