„Демонот“ го намачи Синер, но Италијанецот ќе игра во финалето во Пекинг

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е прв финалист на АТП турнирот во Пекинг откако денеска го совлада Алекс де Минор во три сета (6-4, 4-6, 6-2).

Австралиецот, чиј прекар е „Демон“ одигра извонреден меч, кој траеше 2 часа и 22 минути, го намачи големиот фаворит, но не успеа да го победи првпат во кариерата и нивниот меѓусебен биланс во моментов е 11-0 во корист на Синер. Вториот светски рекет имаше моменти на слабост во вториот сет, Де Минор го искористи тоа за да израмни на 1-1, но без проблем го освои третиот сет и дојде до победата.

Ова ќе биде трета година по ред Синер да се пласира во финалето на турнирот во Пекинг. Во 2023 година ја освои титулата, лани загуби од Алкараз, а сега ќе се сретне со подобриот од вториот полуфинале дуел во кој се среќаваат Тиен и Медведев.