
Алексовска запрена во полуфиналето на Светското ММА првенство (ВИДЕО)
Утринава таа загуби од Нармин Алијева од Азербејџан откако ја предаде борбата во втората рунда. Алексовска беше поагресивна во претходниот дел од мечот, имаше и повеќе удари, но Алијева успеа со еден зафат да ја легне и нашата натпреварувачка мораше да предаде.
И покрај поразот, Алексовска обезбеди бронзен медал што е уште едно одличје во нејзината колекција откако во февруари годинава триумфираше на Европското првенство.