Аморим го потроши кредитот: Четири кандидати за негов наследник во Манчестер

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи со поразот од Брентфорд со 1-3, по што почнаа шпекулациите за отказ на тренерот Рубен Аморим.

Аморим долго добиваше шанса од газдите на Манчестер јунајтед, меѓутоа во моментов делува дека го потрошил цел кредит и наскоро би можел да биде отпуштен.

Како негова замена за споменуваат четири имиња, а тоа се поранешниот селектор на Англија, Герет Саутгејт, но и Оливер Гласнер, Андони Ираола и Грем Потер.

Фото: Манчестер јунајтед