Бетис ја „нокаутира“ Осасуна и почна да фаќа ритам во лигата (ВИДЕО)

Финалистот од Конференциската лига, Бетис денеска ја оствари третата победа во домашниот шампионат, откако пред својата публика славеше со 2-0 против Осасуна.

Бетис ги постигна двата погодоци во текот на првото полувреме, и тоа преку Езалзоули и Ернандез од 19 до 38. минута на натпреварот.

Осасуна заигра подобро во вториот дел и се закануваше кон голот на домашниот тим, меѓутоа одбраната на Бетис беше на висина на задачата.

Standings provided by Sofascore