
Баскет Кам го одбрани трофејот во Суперкупот на Македонија
Баскет Кам ја доби првата четвртина со 19-13, по што следеше возбудлива игра до крајот на првиот дел за на полувреме тимот од Македонска Каменица да замине со 25-24.
Екипата од Македонска Каменица одигра одлична трета четвртина која ја доби со 24-7, по што Вардар не успеа да ја врати неизвесноста до крајот на дуелот (63-44).
Димова постигна 20 поени и 16 скокови, додека Кметовска запиша 20 поени и 12 скокови за Баскет Кам, додека Пислевска постигна 12 поени за Вардар.
Фото: ЖКК Баскет Кам - Македонска Каменица