Голем пресврт на Арсенал: Габриел го шокира Њукасл во 97. минута (ВИДЕО)

Арсенал успеа со неверојатен пресврт да слави против Њукасл на „Сент Џејмс парк“ со 2-1 во шестото коло од англиската Премиер лига.

Ник Волтемаде ја затресе мрежата на Арсенал по половина час игра против Арсенал, иако „топчиите“ ја контролираа играта.

Екипата на Микел Артета почна да се буди во завршницата од дуелот, кога најпрво Мерино со глава ја затресе мрежата на Поуп.

Вистинска драма се случуваше во судиското надополнување, кога Арсенал преку Габриел успеа да погоди за целосен пресврт.

Standings provided by Sofascore

Фото: Arsenal