
Навивачите на Кожув спречени од МВР да дојдат во Скопје – бараат бојкот на Суперкупот!
Според нивното соопштение, тоа се случило и покрај уредно пријавеното гостување и без образложение, освен дека постоела „таква наредба“.
„Ова е срамота за кошарката, ова е срам за федерацијата“, порачуваат „Фантоми“.
Групата апелираше до челниците на Кожув да не излезе на теренот сè додека не биде сменета одлуката и нивните навивачи не бидат пуштени да отпатуваат кон Скопје и да присуствуваат на мечот.
„Мечот без навивачи не смее да започне. Во спротивно, оставете ја срамната титула нека си остане во Скопје. За кого се игра кошарката?“, стои во реакцијата на „Фантоми“.
И покра ваквиот апел од навивачите, кошаркарите на Кожув уредно се загреваат за средбата и се подготвени да му парираат на МЗТ Скопје во битката за првиот трофеј од новата сезона.