В среда ќе гори во Јане: Чкембари најавија „уште една екскурзија во Скопје“!

Екипите на Вардар и Пелистер в среда ќе одиграат уште едно големо дерби, а пред новата пресметка на лутите ривали пристигна и провокација од Битола.

На социјалните мрежи навивачите на актуелниот шампион гостувањето го најавија како нова „екскурзија“ во Скопје.

„Само три дена не делат од еден од најважните натпеваари оваа сезона. 1ви октомври среда, битлската авангарда повторно на екскурзија во Скопје. Чкембари во поход атакуваат на нова победа на трибините и на терен. Ланското наше издание уште еднаш во низа докажа кој е кој, кога се работи за дерби средбите. Бидете на готовс за уште една чкембарска авантура. Чкембари те повикуваат“, стои во објавата.

Натпреварот е закажан за во терминот од 19:00 часот.