Комедија во Премиер лигата: Фудбалер на Барнли си постигна два автогола (ВИДЕО)

Maнчестер сити е пред победа против Барнли против кој води со 3-1, а за тоа најголем „заслуги“ има дефанзивецот на Барнли, Максим Естив.

Французинот кој има 23-години си постигна два автогола, прво во 12. минута кога Сити поведе со 1-0. а потоа и во 65. минута кога „граѓаните“ дојдоа до трет гол.

Со овие два автогола, тој стана само шестиот фудбалер во најсилната англиска конкуренција кој двапати си ја погодил сопствената мрежа во еден натпревар.