Четири гола и еден поништен, лудо полувреме во мадридското дерби! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одиграа спектакуларно прво полувреме во денешното дерби во кое видовме дури четири гола.

Шоуто започна во 14. минута кога Ла Норманд по асистенција на Симеоне го отвори резултатот. По голот на домаќините на сцена стапија гостите кои со погодоците на Мбапе и Ѓулер во 25. и 37. минута направија целоен пресврт.

За 2-2 на паузата се погрижи Сорлот во судиското продолжение. Само неколку минути подоцна видовме и еден поништен гол на Ленгле.