
Нов студен туш за Јунајтед: Брентфорд им одржа лекција на „ѓаволите“! (ВИДЕО)
Победата домаќиите ја обезбедија во првите 20 минути од натпреварот кога ги постигнаа двата погодоци. Прво во осмата по едно лошо извлекување на Мегваер, Игор Тијаго постигна еден прекрасен гол за водство од 1-0. Се играше 20. минута кога Брентфорд преку истиот фудбалер го зголеми водството.
Јунајтед резултатски се врати шест минути подоцна кога новото засилување Бенјамин Шешко го постигна првенецот во Премиер лигата за 2-1.
Во продлжение имаше шанси и на двете резултати, но резултатот не се промени се до самата завршница кога Јенсен во последните моменти од средбата ги постави конечните 3-1.
Најголемата шанса за израмнување Манчестер јунајтед ја пропушти кога Бруно Фернандеш во 76. минута не реализираше пенал и неговиот удар го одбрани голманот Келехер.
За избраниците на Аморим ова е втор пораз во првите шест натпревари во сезоната, па „црвените ѓаволи“ остануваат на седум бода колку што по денешниот триумф има и Брентфорд.