Дембеле открива: Меси прв ми честиташе за Златната топка!

Новиот добитник на Златната топка, Усман Дембеле вели дека неговите поранешни соиграчи од Барселона биле среќни поради тоа што тој е добитникот.

Дембеле го победи Јамал во трката за Златната топка, собра најмногу гласови и ја доби престижната награда.

„Меси прв ми честиташе, директно ми прати порака. Чави и Луис Суарез исто така ми честитаа. Сите беа многу среќни за мене“, открива Дембеле.

Францускиот фудбалер шест години беше член на Барселона, од 2017 до 2023 година.