ФИФА суспендираше седум фудбалери од една репрезентација!

Meѓународдната фудбалска асоцијација (ФИФА) воведе санцкии против Фудбалската асоцијација на Малезија и седум фудбалери од оваа земја.

Се работи за: Абриел Палмеро, Факундо Гарсес, Родриго Холгадо, Иманол Мачука, Жоао Фигеиредо, Џон Иразабал и Хектор Хевел, а причната поради која се суспендирани се фалсификување на документи.

Нводно, во Малензија користеле лажна документација за споменатите фудбалери да настапат против Виетнам во третото квалификациско коло од Азискиот куп кое беше на програмата на 10 јуни.

Секој од фудбалерите морал да плати казна од 2.000 швајцарски франци, додека казна од 350.000 швајцарски франци заработи Фудбалскиот сојуз на Малензија. Исто така сите фудбалери се суспендирани во период од 12 месеци.

Најпознато име помеѓу суспендираните е Факундо Гарсес кој сезонава е член на шпански Алавес.

Фото: Deportivo Alavés