Аморим: Бевме збунети, сите клучни моменти беа против нас

Манчестер јунајтед денеска доживеа ново разочарување и беше поразен од Брентфорд со 3-1, а тренерот Аморим секако беше разочаран.

Овој пораз за Јунајтед доаѓа по победата над Челси во минатото коло.

„Чувството секогаш е исто, нормално дека сакаме да победиме. Не го контролиравме натпреварот, игравме како што сакаше Брентфорд и бевме збунети. Но, исто така и сите клучни топки беа против нас, тешко е кога губите, но мораме да мислиме на следниот натпревар“.

Според Аморим, Брентфорд постигнал два гола токму од ситуции какви што работеле на тренинзите.

„Работевме на долги топки и прекини во текот на неделата, знаевме дека играат на таков начин, но примивме голови токму од ситуации на кои работевме. Мораме да бидеме подобри“, заклучи Португалецот.

По шест кола во Премиер лигата, Јунајтед има два порази, а во следниот натпревар ќе игра против Сандерленд.