Грчката Ким Кардашијан низ Атина го бара Ѓоковиќ - има понуда за него! (ВИДЕО)

Aтрактивната грчка пејачка, Александра Прехер го привлече вниманието на социјалните мрежи откако испрати порака до српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ.

Згодната Гркинка објави виддео од улиците на Атина на кое зборува како го бара Ѓоковиќ.

„Ноле, не сум Србинка, но...слушнав дека се пресели во Атина, Глифада и те барам, сакам да ти ја испеам „ти мое злато“, зборува пејачката, а потоа и ја запеа познатата српска песна.

Засега, Ѓоковиќ не одговорил на оваа интересна порака од атрактивната пејачка која и во минатото испраќаше пораки до српскиот тенисер со различни песни.