Барселона остана без еден од најважните фудбалери за дербито против ПСЖ

Каталонскиот гигант Барселона ќе се соочи со европскиот шампион ПСЖ на на 1 октомври, но тренерот Ханси Флик на дербито не може да смета на Рафиња, кој се здоби со нова повреда.

Рафиња е еден од најважните фудбалери на Барселона веќе долго време, а медицинските прегледи покажаа дека ќе мора да паузира три недели.

Тоа значи дека Бразилецот ќе го пропушти дербито против ПСЖ и ќе мора да оди на рехабилитација по мускулната повреда, за која засега не се откриваат дополнителни детали.