Хаос во Фенербахче: Замената на Мурињо ќе добие отказ по неполни три недели!?

Португалскиот тренер Жозе Мурињо во моментов ја предводи Бенфика, откако го напушти Фенербахче по лошите резултати на стартот на сезоната, а неговото столче го наследи Доменико Тедеско, но наскоро и тој би можел да добие отказ.

Турските медиуми пишуваат дека Тедеско би можел да го напушти кормилото на турскиот гигант, и тоа по неполни три недели откако беше поставен за стратег поради поразот од Динамо Загреб.

Управниот одбор на Фенербахче организирал вонреден состанок, а Тедеско добил ултиматум и наскоро би можел да добие отказ, а наводно за тоа пресуден ќе биде следниот дуел против Анталијаспор.