Проблеми за Челси: Најголемата ѕвезда ќе паузира две-три недели!

Светскиот клупски шампион Челси се наоѓа во резултатска криза, а дополнителен удар за тренерот Енцо Мареска е повредата на најдобриот фудбалер Кол Палмер.

Палмер беше повлечен од дуелот против Манчестер јунајтед уште на стартот поради повреда, а прегледите покажаа дека ќе мора да паузира две до три недели.

Англичанецот е еден од најважните фудбалери на „сините“ во претходните сезони, па премиерлигашот ќе мора да најде некое решение додека Палмер отсуствува од терените.

Фото: Facebook/Chelsea FC