
Гвардиола е под притисок: Тројца важни фудбалери се во аут за дуелот со Барнли
Гвардиола посочи дека Рајан Аит-Нури, Омар Мармуш и Рајан Шерки не се подготвени за следниот натпревар, меѓутоа добра вест за „граѓаните“ е враќањето на Ерлинг Халанд.
„Халанд е подготвен, Аит-Нури, Шерки и Мармуш се во аут. Матео Ковачиќ, исто така, не е познато дали ќе игра“, кажа Гвардиола.
„Граѓаните“ освоија само седум бодови во првите пет кола и имаат осум бодови помалку од лидерот Ливерпул.
Фото: Manchester City/FB