Слот нема да го казни Екитике поради црвениот картон: Сите сме луѓе и грешиме!

Напаѓачот на Ливерпул, Уго Екитике направи глупав потег во дуелот против Саутемптон во Лига Купот, откако доби втор жолт картон поради прослава на гол и ги остави колегите да се бранат со фудбалер помалку во завршницата од мечот.

Тренерот Арне Слот го критикуваше Екитике поради неговиот потег, по што се појавија шпекулации дека клубот парично ќе го казни напаѓачот и ќе го остави без плата две недели, односно ќе му одземе 570.000 евра, но тоа очигледно не е вистина.

„Екитике не доби казна. Тоа што го направи не е паметно, но веднаш ја препозна грешката и им се извини на колегите. Сите сме луѓе и грешиме. И во овој клуб е дозволено да се направи грешка без да се добие веднаш казна“, кажа Слот.