ЕХФ му се „поклони“ на Пешевски: И пикерите знаат да создадат уметност (ВИДЕО)

„И кружните напаѓачи може да создадат уметност“ – со овие зборови Европската ракометна федерација (ЕХФ) го издвои голот на македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски меѓу најатрактивните во третото коло од Лигата на шампионите.

Пелистер во дуелот против данскиот ГОГ Гудме го претрпе првиот домашен пораз сезонава, но и покрај тоа Пешевски остави силен печат со мајсторски погодок.

Кружниот напаѓач, од речиси безизлезна позиција, успеа да го совлада данскиот голман и да се најде на петтото место во изборот на најубави голови на колото.