Одбојкарите од последниот барабан ќе ги чекаат ривалите на ЕП 2026!

Македонската машка сениорска репрезентација ќе биде дел од Европското првенство (ЕП) во одбојка, кое ќе се игра од 9 до 27 септември 2026 година во Италија, Финска, Бугарија и Романија, на кое ќе се најде меѓу вкупно 24 репрезентации, кои ќе се борат за медалите.

На почетокот од следниот месец доаѓа првиот возбудливиот дел од ова натпреварување – ждрепката! Таа ќе се одржи на 4 октомври во Бари, Италија и ќе ги одреди ривалите на избраниците на Јошко Миленкоски во групната фаза.

Домаќините ќе бидат носители на своите групи, а секој од нив ќе може да си избере по еден противник пред формалното извлекување. Потоа, останатите тимови ќе бидат поделени во четири „шешири“ според ЦЕВ ранкингот. Македонија, како еден од најдобро пласираните второгрупирани тимови од квалификациите, извлекување ќе го чека од четвртиот барабан, каде ќе се најдат и Летонија, Шведска и Данска.