Реал го дозна терминот во кој ќе сака да ѝ се реваншира на Барселона

Првиот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона сезонава е закажан за на 26 октомври, а денеска е одреден и терминот.

Шпанската Ла Лига одлучи најголемите шпански ривали натпреварот на „Бернабеу“ да го играат во терминот од 16:15 часот.

Во оваа пресметка Реал Мадрид ќе сака да се реваншира на Барселона која минатата сезона среде Мадрид ги прегази „кралевите“ со убедливи 0-4.

Но, исто така каталонскиот гигант ги доби и преостанатите три дуели во финалето на Суперкупот, финалето од Копа дел Реј и вториот натпревар од првенството на свој терен.

Во овој момент Реал Мадрид е лидер на табелата со максимални шест победи во исто толку натпревари, додека Барселона со натпевар помалку е на 13 бода со четири триумфи и едно реми.

Фото: Real Madrid C.F