Добра вест за Пелистер пред денешниот меч со ГОГ!

Вечерва со почеток од 20:45 часот Пелистер во Битола ќе го пречека ГОГ Гудме и ќе се обиде да дојде до втората победа во Лигата на шампионите оваа сезона.

Тренерот Рубен Гарабаја го одреди составот за денешниот натпревар, а добрата вест е враќањето на одличниот голман, Саид Хеидарирад кој претходно беше надвор од теренот поради повреда.

И на овој меч ќе недостасува искусниот дефанзивец Илија Абутовиќ кој сè уште е во процес на рехабилитација од повредата.