
Тајната на магичниот гол на Винисиус: Модриќ ме научи така
Тој гол беше и можеби најубав на мечот иако постигнат од непосредна близина. Винисиус погоди на несекојдневен начин, со надворешен фелш што досега не бил негов начин на шутирање. Бразилецот по натпреварот откри од кого научич така да шутира.
„Модриќ ме научи на таков тип удари и многу ми недостасува во тимот. Се надевам дека и во иднина ќе постигнувам голови на ваков начин, ова е еден од најубавите во мојата кариера“, изјави Винисиус по мечот.
Реал Мадрид има максимален ефект на новата сезона, шест победи во шпанското првенство и една во Лигата на шампионите.