Навивачи на Селтик нападнати во Белград, еден заврши во Ургентен центар (ВИДЕО)

Еден навивач на Селтик синоќа завршил на Ургентниот центар во Белград поради тешки повреди на главата.

Голема група српски хулигани ги нападнала шкотските фанови кои со маички и дресови на Селтик седела во неколку локали во центарот на Белград. Според тамошните медиуми, на тепачката претходела кратка кавга, а по само неколку секунди не се знаело кој кого удира. Локалите биле безмалку демолирани, морала да интервенира полиција, но засега не се знае дали има уапсени.

Вечерва Селтик ѝ гостува на Црвена Звезда во првото коло од лигашкиот дел на Лига Европа.