Не помина ни една недела, а Мурињо го направи првиот кикс (ВИДЕО)

Бенфика заостанува четири бода во однос на лидерот Порто откако доцна синоќа доживеа голема разочарување во дуелот со аутсајдерот Рио Аве на домашен терен.

Тимот од Лисабон одигра само 1-1 што е прв кикс од доаѓањето на Жозе Мурињо кое се случи пред неполна недела. Мечот беше заостанат од првото коло на оваа сезона, Бенфика имаше можност да се доближи на само два бода до врвот, но во моментов е на третата позиција, зад Порто и Спортинг.

Домаќините долго притискаа, но постигнаа гол дури во 86. минута преку Судаков. И кога се мислеше дека ќе ги освојат трите бода, Андреа Луис со фантастичен удар во судиското продолжение се погрижи за молк на Да Луж и четврто реми за Рио Аве во шестиот натпревар сезонава.