Битола ќе „гори“: Пелистер ја распродаде салата за мечот против ГОГ

Македонскиот ракометен шампион Пелистер го пречекува данскиот тим ГОГ Гудме во третото коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а битолчани ќе имаат огромна поддршка затоа што салата „Боро Чурлевски“ веќе била распродадена.

Пелистер преку социјалните мрежи соопшти дека сите билети се распродадени за утрешниот меч против ГОГ Гудме, кој го очекува вистински пекол во салата во Битола.

„Зелено-белите“ досега одиграа два меча во елитното натпреварување, при што го совладаа Загреб на домашен терен, а потоа загубија на гостувањето кај ПСЖ.

Натпреварот меѓу Пелистер и ГОГ се игра в среда од 20.45 часот.