Симеоне и Ливерпул пред казна од УЕФА поради хаосот на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Ливерпул триумфира против Атлетико Мадрид на стартот во Лигата на шампиони (ЛШ), но вистински хаос се случуваше кога тренерот Диего Симеоне влезе во пресметка со навивачите на домашниот тим.

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) отвори истрага за целиот случај и ги обвини Ливерпул и Симеоне за прекршување на правилата, па поради тоа би можеле двете страни да добијат санкции.

Според англиските медиуми, Симеоне ќе добие суспензија од еден натпревар и нема да може да го предводи Атлетико во следниот дуел во ЛШ, додека премиерлигашот ќе мора да плати парична казна поради однесувањето на неговите навивачи.