
Проблеми за Чупиќ: Вардар најмалку два месеци ќе биде без Кеита во тимот!
Интервенцијата е веќе извршена во Загреб, а ракометарот веќе започна со процес на рехабилитација. Од клубот информираат дека поради сериозноста на повредата било одлучено операцијата да се изврши веднаш, со цел тој што побрзо да се врати на терените.
Кеита пристигна во Вардар на почетокот на сезоната и покрај тоа што неговата примарна улога е во нападот, се покажа како исклучително важен и во дефанзивните задачи на тимот. Со неговото отсуство, тренерот во моментов располага само со Марио Стојановски како единствено решение на позицијата лево крило.