Во Шпанија „падна“ еден од најглупавите автоголови во – историјата (ВИДЕО)

Екипата на Еибар го совлада Реал Сосиедад Б (2-1) во шестиот круг од Ла Лига 2, а натпреварот остана во сенка на неверојатен автогол на гостите.

Клучниот момент се случи во 37. минута, кога бекот Џон Балди по враќање кон својот голман испрати пресилно додавање, кое заврши директно во мрежата. Чуварот на мрежата Фрага не успеа да реагира, а топката заврши во спротивниот агол.

Шпанските медиуми овој погодок го нарекоа еден од најкомичните и „најглупавите“ автоголови во последните години. „Марка“ дури нагласи дека сцената мора да се погледне за да се поверува.