
Европското деби на Пелистер меѓу најгледаните мечеви од квалификациите за ЛШ!
Битолчани загуби во пресметката со силниот италијански прволигаш Реџана (87-99), во дуел што преку официјалниот Јутјуб-канал на ФИБА го следеа речиси 20 илјади гледачи. Иако настапија без двајца американски интернационалци, „зелено-белите“ одиграа солидно и изборија пристоен резултат против значително поскап и поискусен ривал со што ги собраа симпатиите во Самоков.
Без разлика на поразот, европската одисеја на Пелистер ќе продолжи тоа во групната фаза од ФИБА Европа купот. Во ова натпреварување ги очекуваат шест дуели со Керавнос од Кипар, Цедевита Јуниор од Хрватска и Левице од Словачка.