Ракометно дерби во Автокоманда: Шампионот му гостува на Алкалоид!

Денеска во Автокоманда од 18 часот се игра големо дерби од Суперлигата, во рамките од третото коло Алкалоид ќе го пречека актуелниот шампион Пелистер.

Алкалоид во првото коло одигра реми со Охрид, а во второто извојуваше тесна победа против Тиквеш, па денешниот меч за момците на Кире Лазаров ќе биде вистински тест.

За Пелистер ова ќе биде првото дерби сезонава, битолчани имаа лесни задачи во првите две кола, денешниот меч е еден од оние кои можат да бидат клучни за титулата.

Битолскиот тим одигра одличен натпревар Париз во Лигата на шампионите каде загуби во финишот од мечот, но покажа мускули против силниот противник. Иако е пораз овој натпревар може позитивно да влијае на нивната самодоверба.

Минатата сезона кога се играа решавачките мечеви за титулата, Пелистер ја освои Автокоманда и тоа со убедлива победа од шест голови разлика, како ќе биде сега останува да се види.

Денеска се игра уште еден натпревар од Суперлигата, Куманово го пречекува Пелистер 2.

Суперлига денеска

18:00 Алкалоид - Пелистер
19:00 Куманово - Пелистер 2