Мурињо има план: После Бенфика следува - круната на неговата кариера!?

Жозе Мурињо синоќа го имаше својот прв натпревар откако по вторпат седна на клупата на Бенфика, Португалецот не криеше дека има планови и за после ангажманот во гигантот од Лисабон.

Бенфика синоќа со 3-0 победи на гостувањето кај Авеш во првиот меч под водство на Мурињо.

Португалецот потоа не криеше дека цели кон селекторското место на португалската репрезентација.

„Да, се уште мислам дека ќе бидам селектор на Португалија во некој период. Но, сега сум тренер на Бенфика“, рече Мурињо.

Освојување на Светско или Европско првенство со Португалија би било круна на тренерската кариера на Мурињо кој има освоено се на клупско ниво.