Скопје ѝ даде осум гола на Победа, Брегалница победи во Каменица и се одлепи на врвот!

Скопје со 8-1 ја совлада Победа, Брегалница со 3-1 славеше на гостувањето кај Каменица Саса, а Кожуф одигра без голови кај Охрид, штипскиот тим сега е осамен на врвот во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ).

Скопје немаше милост за Победа, до врв им ја наполнија мрежата на прилепчани, славеа триумф со 8-1. Славниот прилепски клуб се наоѓа во голема криза на која не ѝ се гледа крајот.

Брегалница со 3-1 славеше на гостувањето кај Каменица Саса, а благодарение и на ремито на Кожуф кај Охрид, штипскиот тим сега е прв на табелата во ВМФЛ.

Немаше голови и на мечот меѓу Детонит Плачковица и Шкендија Арачиново, Беласица со 2-1 ја совлада Слога во Виница.

Гостинска победа забележа и Осогово кој со 2-0 го победи Големо Коњари, Новаци со 1-0 беше подобар од Тетекс, а Вардар Неготино со триумф од 2-1 се врати од кај Преспа.

Резултати:

Скопје - Победа 8-1
Каменица Саса - Брегалница 1-3
Охрид - Кожуф 0-0
Детонит - Шкендија (А) 0-0
Слога (В) - Беласица 1-2
Големо Коњари - Осогово 0-2
Новаци - Тетекс 1-0
Преспа - Вардар (Н) 1-2