
Хет-трик на Хари Кејн за нова победа на Баерн! (ВИДЕО)
За Баерн ова беше четврта победа во четвртото коло, шампионот продолжува перфектно во новата сезона.
Хофенхајм се држеше до 44. минута кога Хари Кејн погоди и го отвори резултатот носејќи му водство на Баерн од 1-0.
Англичанецот во второто полувреме даде два гола од пенал, по што комплетираше хет-трик.
Домаќините со гол на Цоуфал во финишот постигнаа само почесен гол, а конечните 4-1 ги постави Гнабри длабоко во судиското продолжение.
На гостински победи се израдуваа уште два тима, Фрајбург со 3-0 славеше кај Вердер, а Мајнц со 4-1 беше подобар кај Аугсбург.
Честа на домаќините ја оправда Хамбургер кој со 2-0 го победи Хајденхајм.