Мегваер откри што треба да се промени во Манчестер: Проблемот не е во системот!

Англискиот дефанзивец Хари Мегваер е разочаран со играта на неговите колеги во Манчестер јунајтед, по што за медиумите откри што треба да се промени за да тргнат работите на подобро.

Јавноста го критикува тренерот Рубен Аморим и неговата формација, односно систем на игра, меѓутоа Мегваер смета дека тоа не е главниот проблем.

„Проблемот не е во системот, туку ние мора да бидеме подобри како фудбалери, тоа е најважно ако сакаме подобри резултати“, кажа Мегваер.

Фото: Facebook/Manchester United