Дурент има милиони во биткоини, ама не може да ги троши од – бизарна причина!

Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Кевин Дурент, има огромна сума пари во криптовалути, но засега не може да пристапи до нив зашто ја заборавил лозинката за својот профил, пренесуваат американските медиуми.

Неговиот агент, Рич Клајман, потврди дека се работи на решавање на проблемот, истакнувајќи дека Дурент никогаш не продавал дел од своите криптовалути, па нивната вредност денеска е значително поголема.

„Биткоинот продолжува да расте, што е позитивно за Кевин“, изјави Клајман.

Дурент започнал да купува биткоин уште во 2016 година, кога се преселил во Голден Стејт вориорс и учествувал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро како член на американската репрезентација.