Јувентус на чекор до големо засилување - доаѓа ѕвезда од Манчестер!?

Поранешниот италијански шампион Јувентус планира следното лето да донесе бесплатно засилување од Манчестер сити.

„Граѓаните“ не планираат да му го продолжат договорот на Бернардо Силва, кој по долги години ќе го напушти „Итихад“ и најверојатно ќе го облече дресот на калчолигашот.

Јувентус веќе ги направил првите контакти со неговите претставници, на кои им бил претставен нов голем проект на тимот.

Фото: Facebook/Manchester City