Ѓорческа преку Американката Шоп до осминафинале во Куршумлиска Бања
Ѓорческа беше подобра од Американката Ели Шоп со 2-0. Иако македонската тенисерка влезе како фаворитка бидејќи Шоп е 612. тенисерка во светот, сепак Американката прикажа солиден отпор.
Клучниот момент во првиот сет кој Ѓорческа го доби со 6-4 се случи во седмиот гем кога го освои сетот на противничката за 3-4 и таа брејк предност ја задржа до крајот.
Во вториот сет двете тенисерки стигнаа до по еден брејк, а на крајот победникот се решаваше во тај-брејк кој Ѓорческа го доби со 2-7.