Савичевиќ нема милост – изненадно го смени поранешниот соиграч Просинечки!

Фудбалската репрезентација на Црна Гора остана без селектор – Роберт Просинечки е разрешен од оваа функција, дознава „Спорт клуб“, а одлуката е на неговиот поранешен соиграч од Црвена Звезда и претседател на федерацијата, Дејан Савиќевиќ, по серијата порази во квалификациите за СП 2026.

Хрватскиот стратег беше под силен притисок на јавноста по неуспешните настапи, особено по поразите од Чешка (0-2) и Хрватска (0-4), со што крајот на соработката стана неизбежен. Црна Гора има шест бодови од пет натпревари и заостанува зад лидерите во групата – Хрватска со максимални 12 бодови од четири меча и Чешка со 12 од пет. Фарските Острови исто така имаат шест бодови, додека Гибралтар е без освоен бод.

На клупата ќе го наследи Мирко Вучиниќ, легендарниот напаѓач на црногорската репрезентација, за кого ова ќе биде прво селекторско искуство.